Јадранка Бибан: Па како барем еден министер или премиер не се најде од мајка роден што се вика, да направи нешто вистинско во здравствениот систем

д-р Јадранка Бибан на својот Фејсбук профил побара од премиерот Заев да ја стави за министер:

„СТАВЕТЕ МЕ МИНИСТЕР И ЌЕ ВИ ПОКАЖАМ ДЕКА МОЖЕ!!
Минатава недела дигнав температура, имав треска, болки во зглобовите и малаксаност. Охо, ова е грип си реков, можда свински, магарешки, или некој вироза, што и да е… Висока беше температурата, скоро 40 степени па решив да појдам во една од државните клиники малку да се освежам со инфузија со физиолошки раствор и витамини…
Па јас оддамна не сум била таму…
Колегите и повеќе од колегијални, сестрите професионални и љубезни, ама внатре болницана се распаднала…
Кровот прокиснат и мувлосан, чаршафиштата се гледа стари од социјализмот, ќебињата непрани најмалку една деценија.
Па онде здрав човек ќе се разболи а не пак болен да оздрави. Секоја чест на колегиве што издржуваат да поминат работно време и да работат професионално во оние услови. Па не нов клинички центар да се изгради, што сака нека биде, со ваква здравствена политика се ќе се посере за два месеци. Прекрасни болници, намерно запуштени и уништени.
Па како барем еден министер или премиер не се најде од мајка роден што се вика, да направи нешто вистинско во здравствениот систем. Па стајте ме мене министер, ни плата ми треба ни ништо, колку пари има за здравство толку, има се да се донесе во ред за една година. Не е до парите, до шупката зината е!

П.С. Споделете го ова можи ќе го прочита Заев и ќе ме викне???… за да ме стави министер“, напиша д-р Бибан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.