Јадранка Косор исклучена од ХДЗ

Некогашната претседателка на Хрватската демократска заедница, хрватската опозициска демохристијанска партија, Јадранка Косор, со едногласна одлука на Високиот суд на честа е исфрлена од партијата.

Косор е исфрлена од партијата поради недоаѓање на седниците на Градскиот одбор, Клубот на застапници и наводната независна кандидатура за Европскиот парламент.
 Одлуката не е правосилна, па Косор има право на жалба во рок од осум дена. За жалбата ќе одлучува Претседателството на партијата, по што одлуката би била конечна.
 Косор претходно до овој суд поднесе низа приговори и бараше запирање на дисциплинската постапка.
 Сослушувањето го напушти во друштво со адвокатот и го оспори легитимитетот на Високиот суд на честа на ХДЗ.
 Приговорите се однесуваат на составот и функционирањето на овој суд, а спорно е што повикот на судење не е насловен на нејзино име, туку на Андрија Микулиќ, шефот на загрепскиот ХДЗ.
 Судот, по заминувањето на Косор, го продолжи процесот против поранешната претседателка на партијата.
Макфакс
Некогашната претседателка на Хрватската демократска заедница, хрватската опозициска демохристијанска партија, Јадранка

Пронајдете не на следниве мрежи: