сабота, 28 ноември 2026
Најново

Јазикот и Бог нема што да се докажуваат и правдаат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

„Загрозен ни е наталитетот, загрозено ни е опстојувањето тука овде. Јазик ако треба да се брани само дека е посебен јазик, тоа е смешно, тоа е како бог да се правда затоа што е бог. Да не зборувам за тој печат кој го имаат оставено Конески, Кепески, да не одиме наназад. Тоа е затворена приказна. Тоа е јас да земам да ти се правдам зошто се викаш Дениз или ти мене Дарко…тоа е моето мислење“ рече писателот Дарко Лешоски на каналот на Слободен печат во соработка со ЦИВИЛ Медиа и Трн.мк. 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во однос на прашањето како се снаоѓал на проектот „Фчерашни новисти“ со оглед дека досега немал слично искуство, Лешоски одговори дека научил многу работи.

„Многу работи научив, многу пријателства стекнав. И она што го знаев уште пред да почне целата таа приказна ми се потврди само, тоа е дека многу полесно можеш човек да го насолзиш, да го натера да почувствува нешто, ама од срце да го насмееш е многу тешко. Од тој аспект го научив оној цитат на Фицџералд, „дај ми човек и ќе ти напишам трагедија“ посочи Лешоски.

Тој смета дека да насмееш 90% од популација, по примерот на К-15, е многу тешко. 

„Сите имаме некакви проблеми, маки и предизвици, и многу е потешко со  насмевка и позитивно да поминуваш низ нив отколку да плачеш“, заклучи Лешоски.

Извор:„ https://novatv.mk/“

– Реклама –

Поврзани вести