Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски му одговори на Христијан Мицковски кој во Студио10 на ТВ24 рече дека причината поради која не го поддржува Јакимовски била неговата желба за бетонизација на Карпош.
„По скоро четири месечно молчење, за раскинување на нашата коалиција, меѓу мене и Христијан Мицкоски, конечно се огласи да ја каже причината во Студио 10, при гостувањето кај г-дин Мишко Иванов, нагласувајќи дека причината за нашето раскинување, е тоа што тој не ме поддржува во бетонизацијата на општина Карпош, и изградба на згради.
Мал збор ќе кажам дека човекот е лицемер, и дека лаже.
А, при тоа ќе дадам аргументи.
Ова е урбанистички план од Ѓорче Петров, населбата Дексион,
Каде градоначалник е Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ,
и советниците од ВМРО-ДПМНЕ, по налог на Христијан Мицкоски,
имаат изгласано урбанистички план,
каде треба да се градат 50 згради, повторувам, 50 згради,
меѓу кои и 17 катница.
Искрен да бидам, се чувствувам фрустрирано, затоа што, ваков рекорд,
со моето искуство, знаење и со мојот капацитет и габарит,
јас ваков рекорд не можам да оборам, и за мене навистина ова е недостижна бројка,
од 50 станбени згради во еден урбанистички план, кој очигледно го држи шпицен градоначалникот Христијан Мицкоски,
на територија на град Скопје“, рече Јакимовски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.