Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош и актуелен градоначалник, Стевчо Јакимовски, највува нова катна гаража во Карпош 4, меѓу кулите кај мостот „Обединети Нации“.
„Овој простор меѓу кулите кај мостот „Обединети Нации“ со години беше запоставен и оставен во супстандардна состојба. Нема да дозволиме таму повторно да никне зграда и да се создаде нов урбан хаос.
Јас одамна реков – овде ќе има катна гаража, три нивоа под земја и четири над земја. Со тоа конечно ќе се реши проблемот со паркирањето на сите жители од овој дел на Карпош 4. Нема веќе возила по тротоари, тревници и пристапни улици.“ – изјавува во видеото Јакимовски.
„Општината чесно ќе изврши експропријација и ќе плати за земјиштето и објектите што се наоѓаат овде. Се гради за граѓаните, не за инвеститорите.
Покрај тоа, ќе изградиме катна гаража и кај комплексот „Макотекс“, со што целосно ќе се растерети овој дел од Карпош.
Карпош во следните 4 години ќе биде симбол за ред“ – додава кандидатот за Градоначалник.
https://www.facebook.com/reel/703473475379206



