На прес-конференција, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски повторно го образложи проблемот со кој општината се соочува наназад неколку дена. Тој, пред новинарските екипи, со факти и документи, објасни детално за тениските игралишта на хотелот Александар Палас, за кој изминатиов период Министертвото за внатрешни работи поднесе кривични пријави за дел од вработените во Урбанизам, како и за градоначалникот Јакимовски, велат од општината.
– Зборуваме повторно за тениските терени на хотелот Александар Палас. Поднесена е кривична пријава затоа што сме извршиле легализација на овие тениски терени кои што се составен дел на Александар Палас, а за кои што има и одобрение за градба. Овде имаме тениски терени, сопственост на Борис Трајковски, изградени 2013 година од страна на Владата на Република Македонија, впишани во Катастар со имотен лист. Значи она што го тврди Владата дека се времени објекти, е тотална лага, односно на Министерстрвото за внатрешни работи. – рече Јакимовски.
Тој даде и неколку примери каде што се случува истата ситуација, а кои за истите тие сопственици не одговараат по никаков Закон.
– Ова се Сансет тениски терени во Аеродром, значи приватна сопственост на земјиште кое што е дадено со право на користење. Потполно иста ситуација како оваа, тие истите биле 1999 година, впишани и дадено е одобрение за градба. Имаме понатака хотел Русија, изградени 2015 година тениски терени до хотелот кои се впишани исто така во Катастар. Следно, во парк тениските терени на Југ, тоа е 1995 година. Сите терени на Југ се впишани во Катастар како имот на тениски клуб Југ, и еве уште едно, ова се наоѓа на тениски терени во склоп на основно училиште во Кисела Вода, изградени 1995 година и сопственик е Општина Кисела Вода. Сега јас сакам да ги прашам професионалците од Министерството за внатрешни работи, како тоа впишани се во Катастар како имот сите овие тениски терени односно спортски терени во сите други општини, само во Карпош не смеело да се впишува, и како тоа сите имаат право на упис во Катастар, само господата од Александар Палас немаат право на сопственост? Овде јасно си стои во геодетските подлоги кои што се издадени 1999 година, во кои што точно се гледаат тениските терени. Ова Катастарот го снимил и го впишал се што видел на лице место и тоа е секаде. А потоа се прави излагање и на тоа излагање вие го носите основот по кој вие тоа го владеете. Е сега, Александар Палас кога било излагањето не го доставиле документот кој што го поседувале а тоа е одобрението за градба, за да тоа им се впише како сопственост, туку тој рок тие го пропуштиле. Ова е сопсвеност на Александар Палас но со незапишани права и тие незапишани права го оставруваат преку Законот за легализација донесен 2011 и дополна 2016 година и Општина Карпош и службениците на Општина Карпош постапиле согласно Законските прописи и нема никаков пропуст, посочи првиот човек на Општината.
– Сакам да кажам дека за ова што го прават треба да им е срам, немораше да има ваква помпезност, за се ова можевме да се разбереме. Очигледно тие сакаат да си прават маркетинг и сакам да им порачам дека ако сакате да си правите маркетинг и да си правите политичко влијание да си се вработите во маркетин агенција. А не во Министерството за внатрешни работи каде што ве плаќаме со народни пари наместо да гоните организиран криминал и корупција, вие се бавите со маркетинг и пропраганда, ова е чиста пропагадна за која што тие треба да се срамат. Сакам да нагласам дека ние со нашите колеги ќе поднесеме кривична пријава за лажно пријавување затоа што овој предмет е чист како солза и не треба за ова да бидеш посебен професионалец туку од сателит се гледа дека е политички монтиран процес во кој што колегите кои го работеле овој предмет, како колатерална штета ќе настрадаат затоа што градоначалник им е Стевче Јакимовски, заврши Јакимовски.