Ќе дозволиме ли утре некој да нè шутне сите?
Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“.
Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?!
Ќе глумиме дека не сме виделе?!
Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!
Да бидеме на чисто – со Данела сме имале и несогласувања, и судири, и различни визии за Скопје.
Но никогаш нема да прифатам насилство како метод. Денеска е таа. Утре можам да бидам јас. Или ти. Или некоја новинарка. Или обична службеничка.
Затоа – јавно, јасно и гласно ја осудувам оваа бруталност.
И барам веднаш одговорност – од МВР, од обвинителството, од сите што молчат ко да не им е гајле!
Нема да си го вратиме Скопје со клоци.
Нема да изградиме држава со пцуење и со мавање жени по улици.
Ако ова пројде како „ништо посебно“ – тогаш сите ние сме го изгубиле компасот.
Или ќе има реакција, или ќе знаеме дека институциите се дел од проблемот!



