Јандриоски: Каде ви се знамињата нови дечки?

Членот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристиан Јандриоски, на Фејсбук кратко ја коментира забавата по повод роденденот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на која, како што кажува Јандриоски немало ниту едно национално или партиско обележје.

-Браво за прославата на УМС, одлична.
Ни едно знаме, ни на бина ни во публика. Ни партиско, ни Македонско ни па она ветерницата што го викаат државно.

Браво…. дишете со новите времиња, времиња кои го истиснуваат македонизмот и вмровизмот.

Уште еднаш велам… браво – напиша Јандриоски на Фејсбук.

Подмладокот на партијата организираше забава по повод годишнината од формирањето на Унијата на млади сили, на која присуствуваше и Христијан Мицкоски. Мицкоски претходно, по низа промени на неговите ставови, кажа дека сепак ќе гласа за промена на Уставот според таканаречениот „хрватски модел”.

Токму Јандриоски, претходно во гостување во Тешки муабети, откри дека од Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ испраќале циркуларни пораки дека „сега не е време за патриотизам”…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.