Јанева водела преговори со Камчев да стане соработник

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева објави писмена изјава на веб-страната на СЈО, каде во врска со денешните објавени разговори, повторува дека во интерес на предистрагите и истрагите што се водат во Jавното обвинителство кое го води, повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници.
“Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага што ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители, пишува Јанева во изјавата.
Таа порача дека ги повикува истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот “Рекет”, за целосно расчистување на овој случај и, како што наведува во изјавата, обелување на нејзиното име.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.