Јанева знае кај се парите но не знае дали ќе биде осомничена

Се работи сѐ уште за истрага. Повикана сум како сведок. Не знам дали обвинителката ќе реши да бидам и осомничена, тоа треба неа да ја прашате, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева по излегувањето од четиричасовниот распит од канцеларијата на Вилма Русковска од обвинителството за гонење на организиран криминал.
Јанева била повикана како сведок за случајот „Рекет“.


На прашањето дали знае кај завршиле парите, Јанева одговори да. „Ова е истрага и во истрага не се споделуваат информации. Ќе има најверојатно судење и таму ќе се кажат работите. Два мои телефони што сум ги користела се на анализа во обвинителство. Дали истрагата ќе се води и против мене – не знам. Не, не чувствувам вина. Не знам дали во случајот има инволвиран и политичар“, беа одговорите на бројните прашања на новинарите по излегувањето од распитот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.