На осомничената Катица Јанева и се слошило во Кривичниот суд, откако беше донесена од задниот влез на зградата, каде судија на претходна постапка треба да одлучи за притворот, кој го бара Обвинителството за организиран криминал.
Медицинскиот тим на брзата помош влезе во зградата на судот, кусо откако таму пристигна и адвокатот на Јанева, Стеван Павлески. Тие влегоа во зградата и по кусо време излегоа и го напуштија местото, бидејќи на Јанева и се подобрила здравствената состојба, објави Телма.
По еден час во судот, Јанева се пожалила дека не се чувствува добро, и затоа била повикана Брзата помош, потврди претседателот на судот, Иван Џолев.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.