недела, 15 ноември 2026
Најново

Јаневска: Апелирам да се престане со дезинформации за законот, тоа ѝ штети на државата, не на министерот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дебатите ги одржуваме со цел да дојдеме до едно заедничко, по можност најдобро решение, затоа што Министерството за образование и наука не е спротивставена страна туку, напротив, во соработка со универзитетите МОН го почна и на ист начин и ќе го заврши законот, изјави министерката Весна Јаневска пред почетокот на јавната дебата за предлозите за нов закон за високо образование и за закон за квалитет на високото образование која денеска се одржува на УКИМ.

Таа повтори дека сè што работната група ќе смета дека е прифатливо ќе биде икнкорпорирано во новата верзија на законот. По внесувањето на сите забелешки, повторно ќе биде оставен неколку дена на националниот регистар на прописи – ЕНЕР, каде што од саботата е поставен и третиот закон во пакетот – предлог-законот за научно-истражувачка дејност.
Јаневска регираше на тоа што се пласираат неточни информации во јавноста кои, рече, најмногу ѝ штетат на државата, а не на министерот.
-Деновиве се изнаслушавме дезинформации и, би рекла, конкретни лаги, дека се укинува вонредното студирање, дека државата не финансира објавување научно-истражувачки трудови итн. Лагите и дезинформациите претпоставувам треба да бидат на штета на министерот или на партијата, но во суштина се штета на државата и на младите луѓе кои живеат во неа. Оттука апелирам дека треба да се престане со тоа, затоа што сме отворени за секоја конструктивна критика. И како што веќе реков, сè што сметаме дека е во ред, ќе биде внесено во законот и веќе и се внесува, за што е можно побрзо да ја завршиме работата, изјави Јаневска додавајќи дека очекува дискусија на академско ниво.

Поврзани вести