Јаневска за врсничкото насилство: Ако нема помош од родителите, нема успех

Министерката за образование и наука Весна Јаневска е запознаена со случајот со врсничко насилство во училиштето во Ѓорче Петров. Како што изјави, училиштето веќе презело мерки, го пријавило во полиција и социјални служби, а и самото презело мерки. Таа ги повикува родителите да бидат повнимателни и да поминуваат повеќе време со своите деца.

„Жал ми е што се соочуваме со вакви случаи. Министерството добива информации за вакви настани и презема мерки. Во соработка со компаниите, со Бирото за развој на образованието, постојано подготвуваме упатства, прирачници за тоа како да се постапи во вакви случаи. И во овој случај е постапено правилно, училиштето го пријавило тоа во полиција и во социјалните служби и самото презема мерки. Ние, сите одговорни институции, можеме сè да направиме како што треба, но ако немаме помош од родителите, не можеме да успееме. Ќе имаме одреден процент на успех, но и родителите имаат клучна улога. Сега имаме иницијатива за проект за семејно насилство бидејќи најчесто овие агресии се резултат на она што се случува дома“, нагласи министерката.

Во врска со новиот закон за високо образование, Јаневска рече дека академската заедница е веќе во состојба на флуктуација. Првите ефекти може да се очекуваат за три до четири години, а најголемиот врв ќе биде за осум години, кога, според неа, ќе имаме меѓу првите 1.000 универзитети на Шангајската листа.

„Веќе избраните редовни професори не се опфатени со критериумите, но за прв пат имаат и други одговорности. Доколку сакаат да имаат каква било кариера, особено помладите, ќе мора да ги исполнат критериумите за ментори, да известуваат за проекти, и домашни и меѓународни, и да аплицираат за поголеми проекти од ЕУ. Не е баш како што јавноста се обидува да го претстави – дека се поштедени од сè. Голем број млади луѓе го поздравуваат законот за високо образование, а достигнувањето на неговата полна моќ ќе потрае, ефектите ќе ги почувствуваме по три до четири години, а најголемиот врв ќе биде по осум години. Најважно беше да се започне со реформата која многу години не беше ниту тема на разговор. Сигурна сум дека за осум години ќе бидеме меѓу првите 1.000 универзитети на Шангајската листа. Гледам дека академската заедница е жива, што значи дека ова може да се случи уште порано, и ние ќе направиме сè за да се случи ова.“ „Се случува“, подвлече Јаневска.
The post Јаневска за врсничкото насилство: Ако нема помош од родителите, нема успех appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: