Јаневска од „Кој е следен?“: Немаме врска со ниту една партија, бараме системски промени

Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“ во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ „24“ попладнево рече дека нивните барања се поврзани со одговорност, транспарентност и безбедност.

Според неа, тие се насочени кон сите трагедии кои досега ја погодиле Македонија.

„Барањата нас ни се во две групи и тоа, одговорност и безбедност и превенција. За безбедноста, тие произлегуваат од случајот во Кочани, исто и транспарентност, односно објавување на документи од отворањето на дискотеката, па сè до пожарот. Би сакала да кажам дека имаме и барања за претходните случаи. Имаме и барања кои би спречиле вакви инциденти, а тоа се регистар односно дигитална платформа „Е-инспекторат“, каде ќе бидат објавени сите инспекциски надзори и бараме да се воспостави централен број, каде секој граѓанин ќе може да пријави одредена нерегуларност. За одговорноста, ја препуштаме на истрагата, да лоцира кривична одговорност. Морална одговорност треба да има од сите инволвирани во сите трагедии и имаат должност да се произнесат кон јавноста. Нашиот револт е и дека пратениците заминаа на одмор. Тие кои ги плаќаме моментално се на одмор во најкритичната ситуација во Македонија“, рече Јаневска.

Таа нагласи дека иницијативата не е поврзана со ниту една политичка партија.

„Ние не сме поврзани со никаква политичка партија и не сме политичка партија, работиме на процес каде што ќе биде позасилен моментот на филтрирање. Ако сакаш да дојдеш да бидеш со нас, да работиме на побезбедна држава, ќе треба да се пополни формулар, од кај си, што си, зошто се приклучуваш. Јас не бев тука кога се случи настанот со Фросина, си пополнив формулар, се приклучив транспарентно. Јас ја разбирам паранојата за шарена револуција, сорос етикети и нормално е да има вакви етикетирања бидејќи нашите чисти мотиви сакат да ги задушат. Излегуваме за да вршиме притисок затоа што како што сме виделе досега, немало исход. Досега сме немале контакт со надлежните, ниту нè побарал некој, ниту ние сме ги побарале“, додаде Јаневска.

Пронајдете не на следниве мрежи: