ЈАНКУЛОВСКА ВЛЕГУВА ВО ИДРИЗОВО: Видеото ги вжешти социјалните мрежи со недолични коментари

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска беше спроведена во казнено-поправната установа Идризово каде ќе ја издржува четиригодишна затворска казна. Видеото кое се појави на социјалните мрежи предизвика лавина од вулгарни и недолични коментари
Таа е осудена правосилно на 4 години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластувања поради тоа што му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи мерцедес од речиси 600 илјади евра.
Согласно протоколите за прием, но и за коронавирус, Јанкулоска ќе биде најмалку 15 дена во карантинско одделение. Во тој период, ќе се направи безбедноста проценка и ќе се утврди дали за неа ќе бидат потребни посебни мерки…
Против поранешната министерка за внатрешни во Кривичниот суд има уште два други предмети, „Таргет – Тврдина“ и „Титаник“, кои се однесуваат на злоупотреба на службената должност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.