Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред денешното рочиште за случајот “Титаник“ на СЈО, а откако кривичниот суд им определи 30-дневен притвор на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.
“Нема причина да ми се одреди притвор“, рече Јанкулоска која е осудена на на 6 години затвор во случајот “Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за злоупотреба на службената положба, односно за спорната набавка на “мерцедесот“.
Јанкулоска поднесе жалба за првостепената пресуда до Апелацискиот суд, но од таму се уште нема одлука.
Пронајдете не на следниве мрежи: