Јанчев: Вмро е параноично, болно властољубиво и оваа медиумска перална ја имаат пуштено оти имаат лудачки страв да не се слизнат од фотелјите

*Објава на Фејсбук на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев:

Вмро (Параноична)

Ако падна малку паниката кај ДПМНЕ, за што се сомневам, да разгледаме некои од нивните параноични тези како што се шарена револуција и српско сценарио.

За шарена револуција прво нема услови, а второ нема ни причина.

Прво нема кеш од стратешкиот партнер за перјаниците од шарената. Им пресуши тој бунар.

Второ, нема ни прични такво нешто да се прави? Се е дадено шо требаше да се даде. Уште Бугари во Уставот остана. А тоа Мицко веќе ви го вети. Онака патриотски, со одложено дејство. И суптилно ви правеа прилози по нивните телевизии како е тоа голем чин на патриотизам за да ве спремат за уште една предавничка промена на Уставот.

За разлика од кај нас, во Србија не е решено Косово, не е решено прашањето за Босна (Република Српска), Србија не става санкции на Русија, игра со сите. Кај нас отиде возот на предавствата. Може во паникава заборавате ама сега тој воз го вози ДПМНЕ. Во преку 30 закони кај што стоеше Македонија ви ставија Северна. Плус секаде кај што требаше пред странците да клекнат, клекнаа уште пред избори. Може заборавивте и на Бехтел и Енка? Така што, српско сценарио е многу несериозна приказна кога ДПМНЕ е на власт. На странците топ им е ДПМНЕ.

За приказните дека Заев се враќа не ми се ни зборува. Сигурно со минус 5 000 посто рејтинг Заев се враќа на власт и пази ова, баш Левица ќе го врати. А параноичниве “патриоти” што во меѓувреме од позиција на власт не го апасат не е проблем, нели?

Вмро е параноично, болно властољубиво и оваа медиумска перална ја имаат пуштено да врти оти имаат лудачки страв да не се слизнат од фотелјите и масите накитени со папаја и манго.

Сред молк да пушташ директори да притискаат ученици, да ги клучат вратите на училиштата сосе децата внатре чиниш станува збор за затвори, да ги критикуваш дека носат црно, да им кинеш транспаренти, па да ги собираш после да прават деманти, да правиш хајки против новинари, на тв да пушташ партиска пропаганда како успешно се бори ДПМНЕ против корупцијата што наназад 30 години ја создава е малце повеќе од параноја. Нешто друго е, ама еве на тоа ќе останам.

Такви се “демократските” практики на оваа “патриотска” клика, која е дел од системот, е создавач на системот и која ужива во системов.

И се ќе направат системов да остане каков што е. И затоа се овие хајки.

Топ им е системов и затоа за дестабилизација зборуваат. Која стабилност ја имаме за да има дестабилизација? Во едно попладне има прегазени, испукани, убиени, самоубиени, ранети. Ова е само од денес! Ова е тоа стабилното во кое они веќе се спремни да почнат позитивна кампања за локални??? Стабилно е само за нив, нивните бизниси и нивните олигархиски дувла, за никој друг не стабилно.

Може бајаги луѓе шашардисаа деновиве со нивната медиумска параноја, ама па и целта им е таа. Преку морализирање да ве заќутат.

Ги заболе нив и за деца и за жртви, само за власт ги боли и затоа не им паѓајте на морализирањето.

Не заборавајте дека пред десет дена Мицковски најавуваше дека ќе води протести ОД ПОЗИЦИЈА НА ВЛАСТ за Судски совет.

Сега тој истиот е во паника, прави хајки и демонизира студенти кои сакаат да изразат протест против системов после незапаметена трагедија. Како ви делува ова?

Ова баш покажа со што си имаме работа. А ве убедувам бетер ќе бидат, затоа многу не им се тресете. Они се тие кои треба да се тресат оти системов не падна од небо, они го создадоа. Затоа и паранојата.

Затоа се и Вмро (Параноична)

Што се однесува до Левица, да расчистиме.

1. Левица не ги организира протестиве!

2. Левица е единствена партија која не го создаде овој олигархиски систем на ДПМНЕ, СДС и нивните сателити и принципиелно се бори против истиот.

3. Нашите членови доколку сакаат да учествуваат во иницијативи и протести против системот на СДС и ДПМНЕ и доколку се таму добредојдени, се повеќе од достојни да учествуваат и не треба да се кријат дека се од Левица, а морализациите на параноичниве ама ич не треба да ги допираат.

ЛИНК од објавата

Пронајдете не на следниве мрежи: