– Ќе продолжам да водам сѐ дури сум тука, а сѐ што ми е важно е нашите корени, кога станува збор за создавањето, да останат недопрени. Но, веројатно ќе останам на земјата како вештачка интелигенција по смртта, појасни тој. – Треба да бидете стимулирани на многу различни начини ако сакате да продолжите да создавате нови работи, па претпоставувам дека и натаму ќе соработувам со други и ќе прифаќам нови работи, дури и ако не сум официјално жив, нагласи Коџима.
Според него, новата технологија постојано ја заменува старата.
– Технологијата што ја користите денес можеби нема да биде применлива утре, а јас сум заинтересиран да најдам начини да го вградам новото. Погрешен избор може да значи неуспех, се разбира. Тоа е малку слично на вселенска програма, додаде визионерот.
Проговори и за неговиот проект со „Мајкрософт“.
– Проектот бараше инфраструктура којашто никогаш порано не била потребна, па разговарав со многу различни големи компании и правев презентации, но се чинеше дека сите мислеа оти сум луд. На крајот, „Мајкрософт“ покажа разбирање и сега работиме заедно на проектот, објасни тој.
Коџима не кажа повеќе подробности за тој проект, но во меѓувреме, „Death Stranding 2“е во продукција, а во тек е и филм заснован на првиот дел од оваа видеоигра.