Населението на Јапонија падна на 123,8 милиони во октомври 2024 година, што е намалување за 550.000 во однос на претходната година и 14-ти последователен годишен пад, според официјалните податоци објавени во понеделникот.
Без учеството на странците во населението, падот е уште поизразен – вкупниот број е за 898.000 луѓе помалку, па во земјата има 120,3 милиони Јапонци.
Ова е најголемиот пад некогаш забележан откако владата почна да собира споредливи податоци во 1950 година, според Министерството за внатрешни работи. Стапката на наталитет во Јапонија е меѓу најниските во светот, поради што земјата има помала работна сила, има помала потрошувачка, а компаниите тешко наоѓаат работници.
– Стапката на наталитет продолжува да опаѓа бидејќи многу луѓе кои сакаат да воспитуваат деца не можат да ги исполнат своите желби, изјави портпаролот на јапонската влада Јошимаса Хајаши.
Многу млади Јапонци го одложуваат бракот и раѓаат деца од различни причини, од несигурност во работата до менување на општествените вредности кои ставаат помал акцент на бракот.
Иако Јапонија се сврте кон млади странски работници, останува во сила строгата имиграциска политика која дозволува само привремена влез на странски работници. Владата, исто така, се стреми да ги зголеми платите за младите луѓе, а истовремено помага и во воспитувањето на децата, објави Хајаши.
„Ќе промовираме сеопфатни мерки за создавање општество во кое сите оние кои сакаат да имаат деца ќе можат да имаат деца и да ги воспитуваат во мир“, рече тој.