Јапонија се соочува со сериозен недостиг на електрична енергија

Жителите и локалните власти се предупредени за прекини на струја и се бара да штедат енергија поради падот на температурите.

Јапонската влада во понеделникот издаде итно предупредување до граѓаните, организациите и локалните власти, предупредувајќи на потенцијални прекини на струја, а истовремено ги повика домаќинствата и компаниите да заштедат електрична енергија почнувајќи од вторник наутро. Барањето се однесува на Токио и уште осум префектури, а беше издадено за прв пат од јануари минатата година.

Предупредувањето доаѓа по големиот земјотрес во областа Тохоку на истокот од земјата, кој оштети неколку електрани. Непостојаното студено време во Токио, со паѓање снег и драстично пад на температурите до 4 степени Целзиусови, го влошија енергетскиот проблем, бидејќи се очекува зголемена побарувачка за греење.

Компанијата за електрична енергија Токио (ТЕПКО) предупреди дека 2 до 3 милиони домаќинства би можеле да ја загубат електричната енергија по 20 часот по локално време, доколку сегашната стапка на потрошувачка на електрична енергија остане непроменета.

„Со ова темпо, се приближуваме до состојба во која ќе треба да направиме прекини на струја слични на оние што се случија по земјотресот (минатата недела)“, рече јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија (МЕТИ) Коичи Хагиуда.

За време на прес-конференција, Хагиуда побара дополнителни 5% заштеда на струја секој час од 15 до 20 часот, што е околу 2 милиони киловати на час.

Главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно претходно ги повика граѓаните во источна Јапонија погодени од недостигот на електрична енергија да соработуваат со владата и да ја намалат потрошувачката на електрична енергија.

„Ја бараме вашата соработка… како на пример со поставување на вашите термостати на околу 20 степени Целзиусови (68 Фаренхајти) и исклучување на сите непотребни светла“, рече Мацуно за време на прес-конференцијата, додавајќи дека проблемот веројатно нема да продолжи доколку е потопло времето како што се очекува во наредните денови.

За да избегне прекини, ТЕПКО планираше да ја зголеми излезната енергија во своите неоштетени термоелектрани и да побара струја од други електроенергетски компании.

Земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала во близина на североисточниот брег минатата среда привремено резултираше со прекини на струја во околу 2 милиони домаќинства, вклучително и стотици илјади во Токио. Сè уште е запрена работата на шест термоелектрани погодени од потресите во сервисните области на TEPCO и Tohoku Electric Power Co.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.