Јапонија упаси капетан на кинески рибарски брод

Јапонската крајбрежна стража привела во вторникот капетан на кинески рибарски брод, осомничен за нелегален риболов во ексклузивната економска зона на Јапонија, соопштија властите во Токио.

 Кинескиот рибарски брод кој бил во нелегален лов на корали со 11 членови на екипажот бил забележан на 44 километри североисточно од островот Мијако.
По информациите добиени од авион за набљудување на јапонската крајбрежна стража, три патролни брода се упатиле кој рибарскиот брод и во моментов се на пат за Мијако, прецизирал портпаролот на крајбрежната стража.
На почетокот од февруари капетан на еден други кинески брод кој исто така бил во лов на корали е уапсен и пота пуштен на слобода по исплатената кауција.
Јапонскиот остров Мијако е 201 километри оддалечен од главниот архипелаг кој јапонската страна го нарекува Сенкаку додека кинеската Дјаојујидао во Источното кинеско море, кој е во центарот на територијалниот спор меѓу двете земји.
Кинеските власти во овие води редовно испраќаат свои бродови, а во последно време и авиони, особено откако Јапонија во септември од приватните сопственици откупи три од пет острови на овој ненаселен архипелаг. Територијалниот спор кој дотогаш тлееше, одеднаш ескалираше со масовни антијапонски протести во Кина, бојкот на јапонските производи и привремено затворање на киенските погони на производителите од Јапонија.
Владата во Токио неодамна најави формирање специјални сили од 600 припадници и 12 бродови за надзор и заштита на архипелагот.
Архипелагот се наоѓа 200 километри североисточно од Тајван, кој исто така обајви дека полага територијални права врз него, и 400 километри западно од јапонскиот остров Окинава, на југ од Јапонија.
Петте острови Сенкаку (Дјаојујидао) претставуваат спорна територија меѓу Јапонија и Кина. Токио и Пекинг не можат да ја одредат насоката на границата меѓу ексклузивните економски зони околу островите. Јапонија инсистира на исцртување на линијата на поделба во средината на водното пространство, додека Кина бара линијата на раздвојувањето да се помести поблиску до јапонскиот брег.
Јапонија тврди дека островите се нејзина територија од 1895 година, додека во Пекинг потсетуваат дека на јапонските географски мапи од 1783 и 1785 година островите Дјаојујидао се означени како кинеска територија. По Втората светска војна островите биле под контрола на САД и ѝ биле предадени во владеење на Јапонија во 1972 година. На Тајван и во континентална Кина сметаат дека Јапонија ги поседува островите незаконски. Јапонија, од своја страна, тврди дека Кина и Тајван почнале да претендираат на островите во 1970-те години, кога станало јасно дека во оваа област, освен што е стратешки важана поради поморските рути, е богата и со ресурси од многу минерали и енергетски извори.
Спорот околу сопственоста на островите кулминираше во 2012 година. Во август годинава активисти до двете земји се стоварија на островите, што имаше силна поддршка и од граѓаните од двете страни. Досега конфликтот беше надминуван по дипломатски пат.
Макфакс
Јапонската крајбрежна стража привела во вторникот капетан на кинески рибарски брод, осомничен за нелегален риболов во

Пронајдете не на следниве мрежи: