Јапонија ја промовира идејата за формирање на „Азиско НАТО“

Новиот министер за надворешни работи на Јапонија, Такеши Иваја, денеска изјави дека во наредниот период треба да се разгледа идејата за „азиско НАТО“, која ја претстави новиот премиер Шигеру Ишиба.

„Мислам дека тоа е идеја за иднината, но треба да размислиме за тоа некое време“, им рече Иваја на новинарите на прес-конференција во Токио.

Ишиба вчера повика на создавање „азиско НАТО“, во кое јапонските трупи ќе бидат стационирани на американско тло и каде што ќе има заедничка контрола на нуклеарното оружје на Вашингтон што ќе служи како пречка против јапонските нуклеарни соседи , Кина, Русија и Северна Кореја. Тој тврди дека промените ќе ја одвратат Кина од употреба на воена сила во Азија.

Пронајдете не на следниве мрежи: