Јапонка открила трик за беспрекорно диплење на облеката

Секој од нас има некој свој начин на диплење на облеката за во плакар, но сега јапонската експертка открила паметна метода која ќе ви ослободи дополнителен простор на полиците.
Марие Кондо смислила метода која ја нарекла „вертикално диплење“, со помош на кое ќе имате одличен преглед на облеката од птичја перспектива и целата облека ќе ви биде прегледна.
Нејзината метода ја прикажал ITV стилистот Марк Хејес, во емисијата „This Morning“. Методата може да се примени на џемпери, блузи со кратки ракави, панталони, па дури и шалови.

За пример земала долна маица без ракави. Најпрво здиплете ја на класичен начин, а потоа виткајте ја додека не ја смалите површината.
Марие предлага да направите мали кутии (послужете се и со кутии за чевли), кои ќе ги ставите во фиока, а потоа во неа ќе ги сортирате сите парчиња облека како што најдобро ви одговара.
На овој начин ниедно парче облека нема да ви заврши на дното, туку сите ќе бидат наредени едно врз друго.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.