Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека ѝ дава „целосна поддршка“ на јапонската премиерка Санае Такаичи пред парламентарните избори во Јапонија во недела и додаде дека ќе се сретне со неа на 19 март во Белата куќа.
„Премиерката Такаичи е личност која заслужува силно признание за работата што ја работат таа и нејзината коалиција“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
„Затоа, како претседател на Соединетите Американски Држави, ми е чест да ѝ ја понудам на неа и на нејзината високо почитувана коалиција мојата целосна и комплетна поддршка“, додаде Трамп.
Такаичи се подготвува за предвремени избори на кои се очекува да победи.
The post ЈАПОНСКАТА ПРЕМИЕРКА ИМА „ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА“ ОД ТРАМП ПРЕД ИЗБОРИТЕ Американскиот претседател објави дека ќе ја угости во Белата куќа следниот месец appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



