Јапонска диета со која килограмите се топат- потребни ви се само банани и вода

Јапонската утринска диета е идеја на Сумико и Хитоши Ватанбеа кои имаат фармацевтско и медицинско образование. До диетата дошле сосема случајно, а откако ја објавиле, таа станала многу популарна во светот.
Основното правила на диетата е за појадок да јадете банана со чаша вода на собна температура.
Во основата на оваа диета е појадокот што се состои само од банани и чаша- до две млака вода. За појадок треба да изедете помеѓу една и четири банани секое утро.
Останатите оброци во денот треба да бидат здрави, лесни и регулирани, но не постојат посебни правила што и колку треба да се јаде.


Оригиналната банана диета се држи 7 или 12 дена. Единствената напивка што треба да ја консумирате за време на оваа диета е токму млаката вода. Може повремено да пиете чај или кафе, но не се препорачува.
Последниот оброк треба да ви биде четири час пред спиење, треба да спиете барем осум часа, а треба да си легнувате најдоцна на полноќ.
Во текот на оваа диета, максимално ограничете ги алкохолот, кафето и тутунот, а десертите се забранети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.