Јапонска метода која ветува потенка половина и помалку килограми – потребно е секој ден да лежите по 5 минути

Јапонската метода со помош на која ќе се ослободите од масните наслаги на стомакот, а која што во својата техника користи пешкир за капење, го освои интернетот.
Творецот на оваа метода е јапонскиот доктор Тошики Фукуцуџи, е едноставната вежба налага да легнете на вашиот грб со замотан пешкир поставен директно под вашата половина и да лежите така само пет минути дневно секој ден.


Експертите за рефлексологија и масажа, тврдат дека со помош на оваа вежба може да го исправите вашиот грб, да ги намалите болките во грбот и мускулите и да ја истенчите вашата половина.
Сè што треба да направите е стапалата да ви бидат раширени колку и вашите раменици, така што ножните прсти од двете стапала да ви се допираат.
Рацете подигнете ги над главата со дланките свртени надолу. Во оваа положба треба да бидете 5 минути.
Како што велат многумина, резултатите од оваа вежба можат да се забележат по 30 дена, секако доколку тоа го правите секојдневно.
Д-р Фукуциџи оваа метода ја вовел кај пациентите со искривен р’бет или пак хронични болки, а по 10 години открил дека истата вежба може да ве донесе до намалување на вашата телесна тежина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.