Група јапонски истражувачи во вторник започна со обид за извлекување на метан-хидрат од подморјето, кристализирана мешавина на вода и гас, понекогаш наречена „огнен мраз“, која би можела да ја спаси Јапонија од енергетскиот недостиг.Подготовките се одвивале со месеци, а испитувањето започнало во вторник наутро, изјави пред новинарите министерот за индустрија Тошимитсу Мотеги.„Сакаме технологиите да ги направиме посигурни со цел постигање на комерцијална експлоатација“, додаде Мотеги.Обидот го предводи Japan Oil, Gas and Metal National на полуостровот Атсуми, во водите на префектурата Аичи. Се состои во обид на вадење на гасот, затворен во длабоките океански води под услови на висок притисок и ниска температура. Резервите би можеле да ги задоволат потребите на Јапонија за гас за период од 10 години.Јапонија го зголеми купувањето на гас во последните две години, по нуклеарната несреќа во Фукушима, предизвикана од земјотресот и цунамито, заради што запреа со работа речиси сите 50 нуклеарни реактори.Метан-хидратот е откриен пред повеќе од два века, но е занемаруван.Денеска сè уште не се експлоатира заради технички и економски проблеми.
МакфаксГрупа јапонски истражувачи во вторник започна со обид за извлекување на метан-хидрат од подморјето, кристализира