Јапонци измислија мобилен совршен за Дара Бубамара: Оваа технологија нема да ви дозволи да се снимате голи и да правите секси селфи

Јапонската компанија Тон Мобил создаде телефон опремен со вештачка интелигенција што знае кога корисникот се обидува да сними „секси селфи”.
Имено, ако програмата регистрира голо тело, самосликот нема да биде можен. Наместо тоа, ќе добиете предупредување „Фотографијата не е снимена поради недозволена содржина“.
Целта на овој систем на заштита не е да ги спречи возрасните да си испраќаат фотографии. Тон Мобил сака да ги заштити децата од интернет-изнудување, заведување и уценување.
Родителите можат да ја прилагодат апликацијата и за да добијат предупредување на својот телефон, ако нивното дете се обиде да направи гола слика од нивното тело.
Цената на овој телефон во Јапонија е околу 180 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.