Јарците можат да сексаат цела ноќ, а Стрелците сакаат во природа

Ве интересира ли како да заведете Девица, како да запалите Риба, ви откриваме каков е сексот со Водолиите и каде треба да ја погалите Вагата


Овен
Ставете му до знаење дека го обожавате, никогаш не наредувајте им, но немојте ниту да се сложувате во се – тоа му е многу здодевно. Сака да доминира, со него често сексот е груб, брз и многу возбудлив. Сексуално разбудете го со масажа и грицкање на ушните ресички.
Бик
Кај Бикот е добро да се испочитува народната дека љубовта доаѓа преку желудникот. Со нив треба да бидете трпеливи и духовити, бидејќи тие се страствени и издржливи љубовници, но им недостасува иновативност. Бакнувањето на вратот ги излудува исто како што би ги збудалела и црвена крпа пред очите.
Близнаци
Близнаците сакаат да разговараат и ќе бидат воодушевени ако им ги проширите хоризонтите. Сакаат да експериментираат и не се срамежливи. Држете ги нивните дланки, на момчињата цицајте им ги прстите, а на девојките бакнувајте им ги дланките, како да се принцези.
Рак
Ако им делите комплименти внимавајте да бидете искрени и иновативни, бидејќи веднаш ќе ве прочитаат. Всадете им чувство на доверба и дозволете им да ви помогнат. Раковите сакаат нежен секс и немојте да очекувате да внесат некои новини. Ќе ги запалите со милување на градите, односно на градниот кош.


Лав
Лавовите се палат на дивеење и комплименти, па и кога не се сосема искрени. Многу се чувствителни и страствени љубовници, и сметаат дека се најдобри. Ќе ги разнежните со масирање на грбот или гребење.
Девица
На Девиците им треба партнер кој интелектуално ќе ги стимулира. Многу ретко се одлучуваат за авантури, а во долгите врски сексот со нив е се подобар. Прилично се конвенционални и во сексот не очекувајте непредвидливи ситуации. Стомакот им е главна ерогена зона.
Вага
Вагите ќе ги освоите ако им дозволите да зборуваат сами за себе. Нема да биде тешко да ги освоите ако со нив бидете искрени и забавни. Најчувствителен дел на телото им е долниот дел на грбот и задникот. Ова искористете го додека играте и кога ќе тргнете на поинтимни зафати. Сексот ќе биде фантастично искуство, Вагите се многу иновативни љубовници.
Скорпија
Немојте да се обидете да ги контролирате, но не бидете ни млитави, бидејќи тие сакаат силни личности. Сексот со скорпиите е интензивно и страсно искуство, многу се издржливи и подготвени да ја исполнат секоја фантазија. Гениталиите секако им се ерогена зона – кај скорпиите се многу чувствителни. Тие се најсексуалниот знак.
Стрелец
За да ги привлечете морате да ја сочувате емоционалната издржливост. Лесно ќе ги повикате да излезат со вас, но тешко ќе ги заплеткате во врска. Па дури и кога се во врска, морате да бидете подготвени на тоа дека ќе морате да ги делите. Тие е кралеви на авантурите сакаат да истражуваат, да се сексаат во природа. Не сакаат конзервативни партнери.
Јарец
Сакаат да разговараат за сериозни теми и им треба некој кој добро ќе ги насмее. Никогаш немојте да доцните на закажана средба. Како љубовници се многу издржливи, можат да сексаат цела ноќ, а потоа уште малку. Добри се во тоа што го работат, но немаат творечка жица.
Водолија
За да се сплеткате со Водолија неопходна ви е добра комуникација и флексибилност. Ерогени зони им се зглобовите и листовите. Сексот го доживуваат како забава и сакаат да се сексаат набрзина, без долги предигри и бакнувања.
Риби
Овој знак можете да го импресионирате со разговор за окултното и духовното. Бараат позитивен партнер кој ќе им дели комплименти. Уживаат во масажа на стапалата, тоа е нивната ерогена зона. Сакаат секси играчки, глумење на улоги, а имаат специфични сексуални фантазии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.