ЈА ГРИЗНАЛ КОМАРЕЦ КАЈ ДЕСНОТО ОКО, ДВА ДЕНА ПОДОЦНА БИЛА МРТВА: Лекарите се заледиле од причината!

Младата пилотка Оријана Пепер (21) починала од инфекција која и се проширила на мозокот откако комарец ја каснал по челото.

Оријана била голем вљубеник во летањето, а во моментот на смртта посетувала академија за пилоти. Таа сонувала дека еден ден ќе стане пилот во една од комерцијалните авиокомпании.

Таа веќе ги положила теоретските испити на Оксфорд, а потоа заминала во Белгија на дообука. За време на престојот во Антверпен ја каснал комарец на челото во близина на десното око.

Откако каснувањето се проширило и предизвикало инфекција, на почетокот на јули отишла во болница, каде што лекарите и препишале антибиотици за намалување на воспалението.

Меѓутоа, нејзината состојба не се подобрила и Оријана се онесвестила два дена подоцна додека била со своето момче Џејмс.

Оријана и нејзиното момче се запознале во Феникс за време на обуката за пилоти, а потоа заедно биле префрлени во Антверпен, Белгија. Тој пред судот изјави дека и двајцата биле каснати од комарци неколку пати во текот на двата месеци додека живееле во Антверпен. Ниту еден од нив никогаш не добил алергиска реакција или инфекција.

  • Мештаните ни кажаа дека комарците се нормална појава во мај и јуни, но Оријана почна да ја боли челото, се беше црвено и отечено, а доби и силни болки во грбот. Но, лекарите само и рекле да пие антибиотици и ја испратиле дома – изјавил нејзиното момче.

Оријана станала во делириум, не можела да зборува правилно, а потоа изгубила свест и била пренесена во болница каде починала три дена подоцна.

Извештајот на патолог покажал дека девојчето кое сонувало да биде пилот, починало од сериозна инфекција откако ја каснал комарец. Оријана развила сепса која се проширила на нејзиниот мозок и предизвикала емболија која ја убила.

  • Никогаш не сум имал ваков случај. Неверојатна трагедија за една млада дама на која и претстоеше цел живот и блескава кариера – изјави патологот Најџел Парсли.

Родителите на Оријана биле шокирани кога слушнале што и се случило.

  • Ова е страшна трагедија за една млада девојка на која и претстои светла иднина – изјавиле нејзините родители.

Таткото Тристан вели дека неговата ќерка повеќе од се сакала да лета со него и нејзиниот брат Оливер.

Нејзиното момче Џејмс вели дека и тој и таа биле каснати од неколку комарци по пристигнувањето во Антверпен, но дека тој не почувствувал никаква непријатност.

Оријана зад себе ги остави родителите, братот близнак Оскар, постариот брат Оливер.

Нејзината мајка рече дека отвориле фондација на име на Оријана за финансиски да ги поддржи младите девојки кои сакаат да се запишат на пилотската академија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.