Ја запознавме во серијата „Руби“, а денес е мајка на пет дечиња

Сигурно се сеќавате на преубавата Марибел позната од серијата „Руби“. Актерката Жаклин Бракамонтес, неодамна стана мајка. Таа сега гордо може да се пофали со пет ангелчиња. Шармантната телевизиска ѕвезда роди близначиња и ги претстави пред светот преку фотосесија за списанието Hola.
Жаклин инаку стапи во брак со бизнисменот Мартин Фуентес во 2011 година. Во 2013 година, таа роди близначиња, момче и девојче, но за жал, момчето не издржа поради респираторни компликации. Во 2014 година, парот ја доби нивната втора ќеркичка Каролина, а во 2016 година, на овој свет дојде и нивната трета ќерка Рената.


Од фотосесијата може да се забележи дека тие се навистина среќно семејство, едноставно блескаат. Жаклин ги откри и имињата на новородените бебенца Емилија и Паула кои се преслатки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.