Македонската пејачка Каролина Гочева беше единствениот македонски претставник кој настапуваше на вчерашниот спектал во Штарк Арената, MAC или Music Awards Ceremony.
Како и секогаш, Каролина блесна на сцената и во вистинско светло ја претстави Македонија, а настапи со „Ти не дојде“ за која се закити со награда „Најдобра етно нумера“.
Разговорот со Каролина можете да го погледнете по 24 минута во видеото, каде пејачката зборува за својот настап и подготовките, а водителката се дрзна да ја искара зошто не пеела на српски јазик.
Каролина беше културна и ѝ одговори дека станува збор за албум со етно примеси и звучи поавтентично на македонски јазик, но можеби ќе подготви нешто во иднина.
Нејзиниот прекрасен настап, погледнете го во видеото во продолжение на минутажа 04:09:02.