“Ја испробав диетата што ја користела Адел да изгуби тежина. Сега и никогаш повеќе!”

Рејчел Мартин, новинарка за списанието „Body and Soul“, се обиде да ја држи таканаречената диета „Sirtfood“, со која пејачката Адел неодамна изгуби тежина и ја промени својата линија. Резултатите беа видливи, но новинарката изјави дека оваа диета има своја темна страна.

Што е диетата  Sirtfood?

Кога ја практирувате оваа диета, ви е дозволено да внесувате само 1.000 калории на ден. Поентата на режимот е да активирате протеин наречен сиртуин во вашето тело со јадење јаболка, боровинки, кељ и першун. Охрабрувањето на вашето тело да произведува сиртуини треба да биде добра работа, затоа што се верува дека тоа ги штитат клетките во организмот од умирање кога сте  под стрес. Овие протеини го зајакнуваат метаболизмот и му помагаат на вашето тело да согорува маснотии.

Позитивната страна на оваа диета е повремено внесување на црно чоколадо и црвено вино. Можете да изгубите до 3 килограми во текот на првата недела.

Прва фаза од диетата

Првата недела од диетата се нарекува и „интензивна недела“. Неопходно е да се пие многу зелени сокови: од  брокула, спанаќ, краставица и генерално нешто зелено. Покрај тоа, имате само еден оброк на ден кога можете да јадете пилешко, мисирка, риба или тофу. Дозволено е да консумирате максимум 1.000 калории на ден, така што првично ќе страдате од глад.

Втората фаза на диетата

Трае две недели и е фокусирана на одржување. Во текот на оваа фаза, можете да јадете три оброци на ден, и покрај тоа, сè уште можете да пиете зелени сокови. После тоа, се враќате во првата фаза, и така натаму во круг.

Проблеми со диетата

Да внесувате само 1.000 калории на ден е доволно тешко, но кога сакате да функционирате нормално, да ги исполните работните обврски и да одржите социјален живот, диетата станува премногу напорна.

Подготвувањето храна не е премногу комплицирано или скапо. Ако имате соковник, тоа ќе ви заврши половина од работата. Покрај тоа, вие подготвувате бело месо и риба секој ден. Меѓутоа, ако понекогаш немате време да го подготвите вашиот оброк дома, ќе биде тешко да најдете нешто во продавница за брза храна или ресторан што ќе ви одговара.

Рејчел Мартин тврди дека во текот на првата недела, таа постојано се чувствувала уморна и исцрпена. Оваа диета влијаела врз нејзиниот социјален живот, бидејќи таа честопати избегнувала излегување и средба со пријателите заради замор и глад.

 – Можеби некои луѓе, како Адел, можат да одржат рамнотежа помеѓу исхраната и општеството. Можно е дека оваа диета едноставно не е за мене – заклучи таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.