Ја миела косата со ракија два пати неделно: Кога ќе прочитате зошто и вие ќе го правите истото

Ракијата ја поттикнува циркулацијата, а во исто време може да ви помогне и кога е убавината во прашање. Нашите баби два пати во неделата на темето ставале комбинација од домашна виљамовка и маслиново масло и спиеле со оваа маска на коса.
Трикот е во тоа што ракијата ја поттикнува циркулацијата, па со самото нанесување на темето ќе почувствуате топлина и пецкање. Постапката на нанесување е многу едноставна:земете малку ракија и нанесете ја директно на кожата на главата. Потоа со кружни движења со прстите се втрива течноста убаво во кожата да се впие, така што да се распредели по целата глава.
Потоа главата треба да се наведне надолу и да се продолжи со масирањето уште неколку минути. Многу брзо ќе почувствувате како кожата е топла, а лесното чувство на пецкање значи дека ракијата почнала да делува.


Покрај тоа што ја поттикнува циркулацијата, ракијата е моќно средство и за чистење на кожата, а токму тоа е потребно на повеќето девојки денес. Имено, поради секојдневното користење на хемиски средства, балзами, креми, пени, лакови, серуми и што уште не, кожата на главата многу трпи.
Се што ќе ставиме на косата се задржува и по неколку нејзини миења, поради што доаѓа до заситување и затворање на порите. Ова може да делува негативно на растот на косата и на нејзиниот квалитет, а неретко доаѓа и до засилено опаѓање. Затоа одвреме – навреме и треба нешто што целосно ќе ја исчисти кожата од се што се насобрало на неа – а ракијата е најевтиното и најздравото решение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.