Ја натера својата ќерка да пешачи 8 километри: Кога ќе ја дознаете причината, нема да го осудите

Татко од Охајо одлучил да и одржи лекција на својата 10-годишна ќерка откако била исфрлена од училишниот автобус.
Имено, проблематичното девојче неколку пати ги малтретирало врсниците и два пати е исфрлена од автобусот поради непримерно однесување. Првиот пат таткото и излезе во пресрет и ја возел од училипте до дома, но кога се повторил инцидентот, одлучил дека неговата ќерка конечно мора да сфати дека нејзиното однесување кон другите деца е неприфатливо.

Наместо да ја кара, по исфрлањето од автобусот, ја следел со автомобил на пат до дома, за да биде сигурен дека безбедно ќе си дојде, сакајќи воедно таа да научи лекција, односно дека никогаш повеќе нема да го толерира нејзиното претходно однесување и дека секој пат ќе мора да ги сноси последиците.
Девојчето мораше да бира – или ќе се однесува убаво или секој ден ќе пешачи по 8 километри од куќата до училиштето и назад.
„Многу родители можеби нема да се сложат со ова, но јас го правам она што чувствувам дека е правилно за мојата ќерка да научи лекција и да престане да ги малтретира другите деца!. Деца, ако го гледате ова, ве молам, никој не смее да малтретира други деца“, вели овој татко.
Видеото е поставено пред 4 месеци на социјалните мрежи, а само на Фејсбук е прегледано повеќе од 22 милиони пати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.