Ја најде оваа порака во хотелската соба и непријатно се изненади: „Ако го читате ова…“

Она на кое посведочил гостинот кој останал анонимен, сигурно ќе го натера секој патник да се загрижи за хигиената во хотелските соби.
Гостин во бизнис хотелот “Courtyard Marriott“, кога влегол во собата која ја резервирал и скапо ја платил, непријатно се изненадил. Она на кое посведочил, сигурно ќе го натера секој патник да се загрижи за хигиената во хотелските соби.
Имено, фотографијата која се појави на социјалната мрежа Reddit, а која ја објавил анонимен корисник, ја прикажува пораката која била напишана на хартија, а која вели: „Ако го читате ова, тогаш собарката не го променила вашиот чаршав!“


Пораката се наоѓала на кревет во една од собите во хотелот “Courtyard Marriott“, помеѓу душекот и чаршавите, кој очигледно бил валкан, а личноста која ја објавила, покрај неа напишала „се слушна како нешто да крцка кога седнав на креветот, а потоа ова!“, пишува Daily Mail.
Фотографијата на оваа порака брзо се прошири на интернет, а иако не е откриено за кој хотел точно станува збор, се работи за некој во САД. Од хотелскиот ланец “Courtyard Marriott“ кој има хотели на околу 1.000 локации ширум светот, се` уште не се огласиле во врска со овој случај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.