ЈА НАЈДОВ ВАЊА, МЕЃУТОА ДОЦНА“ Полицајците не му кажале на Александар дека ќерка му е мртва, дознал дури на распит во Обвинителството

Дојдоа инспекторите Дејан, Кире и Музафер. Веднаш ги прашав да не се случило нешто, Дејан ми одговори – не се прави дека не знаеш. Сега ти ќе ни кажеш нам што се случило. Ги имаше фатено еуфорија, сведочеше обвинетиот Александар Ѓорчевски.
Соња Христовска Угриновска
Објавено 07/04/2025 18:49:22
Во полициската станица не ми соопштија на човечки начин дека ќерка ми Вања е пронајдена мртва, јас само насетував, а за тоа дознав дури во Обвинителството на распит, кога ми кажа обвинителката Жаклина, сведочеше попладнево Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска (14). Рече дека инспекторите многу го тепале кога го привеле, а на неговите прашања да му кажат што се случило, му одговарале „ти ќе ни кажеш“.
Тој денеска во Кривичниот суд Скопје одговараше на прашањата на неговиот бранител Владимир Туфегџиќ. Раскажа дека неговиот кумашин Гоце Трајковски му понудил помош и во првите денови од исчезнувањето на Вања, која беше киднапирана и убиена на 27 ноември 2023 година. Рече дека Гоце имал пријатели и во полиција и во „Сејф сити“.
– Се појави утрото, се пуштивме во потрага по камери на рутата на која Вања се движи до училиштето. Зорица имаше обезбедено снимка од седиштето на ОКТА, еден родител обезбеди 2 снимки од кај ОУ „Коле Неделковски“ и од менувачница кај Буњаковец. Јас обезбедив снимка од кафичот „Синдикат“, а најкорисни ми беа снимките од фризерницата во дијагонала спроти влезот – раскажа Ѓорчевски.
Повеќе тука
The post ЈА НАЈДОВ ВАЊА, МЕЃУТОА ДОЦНА“ Полицајците не му кажале на Александар дека ќерка му е мртва, дознал дури на распит во Обвинителството appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: