Ја прегазил сопругата затоа што не му дозволила да го слави успехот на Хрватска

На хрватскиот остров Крк смртно настрадала една германска државајнка кога сопругот кој сакал да оди на прославата на Хрватска ја прегазил со автомобилот.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, настрадала 58 годишна државјанка на Германија, несреќата се случила во вчерашниот ден околу 20 чаосот.
Според информации на полицијата жената била прегазена од нејзиниот сопруг, кој исто така бил германски државјанин.


Во неофицијалното соопштение се наведува дека сопругот бил во алкохолизирана состојба и сакал да седне зад воланот за да присуствува на прославата на фудбалската репрезентација на Хрватска, таа му застанала на патот за да го спречи, после што тој ја прегазил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.