ЈА ПРЕТРКАА И ЛЕПА БРЕНА – Анастасија со нов бизнис во центарот на Белград, многу жени од кај нас сигурно наскоро ќе тргнат за соседството

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ денес официјално отвори козметички салон во Белград, а на настанот дојде особено среќна и насмена до уши заедно со својата мајка Цеца.
Анастасија не ја спушташе насмевката од лицето, а за оваа прилика одбрала плав краток фустан со розова кожна јакна, додека во рацете носеше исто така розова чанта.
Младата пејачка одамна сакаше да отвори нешто свое, па така на 23 години стана сопственичка на салон за убавина.
Цеца во оваа прилика носеше црно бела комбинација која ја искомбинирала со каиш на половината, додека исто така како својата ќерка видно расположена позираше за папараците.
-Многу ми е мило што го оствари својот сон, јас ја поддржав во ова, зошто да не. Ова неа супер ќе и тргне, кратко изјави Цеца.
Инаку и Лепа Брена најави козметичка линија, но поради короната сето тоа го пролонгираше, па засега нема никаква информација до каде е лансирањето на брендот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.