понеделник, 23 ноември 2026
Најново

ЈА СИЛУВАЛЕ НА 17 ГОДИНИ И ОДБИЛА ДА АБОРТИРА: Родила син кој денес е голема СВЕТСКА ЅВЕЗДА, нема да верувате за кого се работи!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
Овие детали од животот на многу позната пејачка сигурно не сте ги знаеле! На мајка му не и било лесно, но успеала и денес е горда на својот син.

Имено, Џастин Бибер е тој кој денес има 28 години и од тинејџерска ѕвезда прерасна во докажан професионалец.

Сепак, сето ова немаше да се случи доколку неговата мајка Пети Мелет на 17-годишна возраст не донесеше правилна одлука и одбиеше да абортира.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Пети Мелет, Џастин Бибер

Пети преживеала сексуална злоупотреба и сите нејзини последици пред бременоста. Чувствувала срам, лична вина за се што и се случило и се обидела да се самоубие. Тоа беше кулминација на долгогодишното страдање, употреба на дрога и алкохолизам. Пети сето тоа го напиша во книга, која стана бестселер на Њујорк Тајмс седум дена по објавувањето. Таа сакаше нејзиното искуство да им помогне на другите.

На 17 години таа беше бремена со Џастин. Ја охрабрувале да абортира, но, вели Мелет, тоа била неприфатлива опција за неа.

“Едноставно, знаев дека не можам. Само знаев дека морам да го задржам. И да дадам се од себе. Знаете, не знаев како ќе го направам тоа, но едноставно не можев да се откажам”. – рече Мелет.

Кога првпат го слушнала синот како плаче, тоа било музика за нејзините уши, вели таа. Знае, вели, дека сега звучи лудо, но звучел како да пее.

Останатото е историја, од неговата кариера до бракот и ново поглавје во неговиот живот.

Поврзани вести