Ја силуваше на реално шоу додека беше без свест: Казната пристигна доцна поради оваа грешка – еве што се случило

Учесник на шпанскиот „Големиот брат“ емитуван во 2017-та година, е осуден на 15 месеци затвор за силување

Пред шест години светот беше шокиран од веста дека во шпанското реално шоу „Големиот брат“ е извршено злосторство пред камера. Учесникот Хозе Марија Лопез, по забавата на која учесниците конзумирале алкохол, сексуално ја злоставувал учесничката Карлота Прадо додека била во несвест.
Судењето започна пред 6 години, но Прадо го пријавила случајот во полиција една година подоцна. Тогаш се појавија информации за грешката на продукцијата која доцна реагирала. Имено, продукцијата на реалното шоу на учесничката и покажала снимка од силувањето, во исповедник и дека и било советувано да молчи за инцидентот.

Продукцијата тврди дека реагирала само кога го видела неподвижното лице и рацете на жртвата, по што сфатиле дека е без свест. Но предоцна!
Сега, по бројни одложувања, судењето конечно се одржа, а Хозе Марија Лопез е осуден на 15 месеци затвор. Иако парот беше во врска за време на реалното шоу, на судот беше прикажана снимка од Карлота, која била пијана, велејќи дека „не сакала да има секс“, но тој продолжил да има секс.

Хозе Марија е осуден на 15 месеци затвор, но шпанските медиуми пренесуваат дека во некои случаи, осудениците кои добиваат казна затвор помала од 2 години, понекогаш казната не ја отслужуваат ни во затворска единица, туку во домашен притвор. На него му е забранет контакт со жртвата 4 години и ќе треба да и плати 6.000 евра.
На продукцијата на реалното шоу и беше наложено да плати казна за „недоволна поддршка на жртвите“, но сумата не беше објавена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.