Полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со 35-годишен скопјанец по пријава од неговата поранешна партнерка дека ја следел и ѝ испраќал пораки.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 септември 2026 година во 16:40 часот, во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со П.Ј. (35) од Скопје.
Според пријавата од 25-годишната жена, тој ја следел и ѝ испраќал пораки. Таа, исто така, пријавила дека под своето возило пронашла уред за следење.
По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.



