недела, 29 ноември 2026
Најново

Ја удирал со тупаници и клоци, ѝ скршил ребра: Кумановец осомничен за тешко семејно насилство

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата.

На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој е осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката.

Поврзани вести