Јелена Карлеуша: Иако не верува во Господ, крши лепче со паричка за Бадник?!

Јелена Карлеуша (42) на Божиќ објави фотографија со своите ќерки Атина и Ника и истакна дека, иако е атесит, ги учи своите деца да ги почитуваат православните обичаи и традицијата.
Имено, таа сподели фотографија со нејзините ќерки кои го држат лепчето со паричката, кое се крши за Бадник, а во опсиот на фотографијата објасни:
Иако сум атеист, со задоволство ги учам своите деца на традицијата на нашиот народ, но и на традицијата на Словенија, Хрватска, Босна, Косово, Црна Гора, Австрија… бидејќи во нас тече крв на сите тие народи. Татко ми е Србин, мајка ми Словенка, едниот дедо ми е од Лика, другиот од Словенија, едната баба од Босна, другата од Косово, прабаба ми Австралијанка… Тогаш што сум јас? Јас сум човек. Ги сакам и почитувам сите вери и нации… Затоа што, кога се’ ќе се собере или одземе, ние сме исти. Единствена поделба е во нашите глави. Затоа, бидете добри луѓе и учете ги децата на вистински вредности. Тие се подобра иднина“, напиша Карлеуша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.