Јелена Карлеуша конечно ја “снајде“ разводот – “Заминувам од Дуле, имотот го делиме рамноправно на ќерките Атина и Ника“

Додека “мала од скандала“ Јелена Карлеуша во ова африканско лето ужива на луксузен одмор во Атина, медиумите се занимаваат со нејзиниот приватен, турбулентен живот.Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Дуле Тошиќ се дефинитивно во процес на спогодбен развод, што неодамна го потврди и самата Јеца. Судејќи по информациите кои се појавија во медиумите, тие веќе се договорија целиот имот да им биде префрлен на нивните ќерки Атина и Ника, освен еден имот. Станува збор за вилата во Сењак која е купена во 2018 година од Драган Стојковиќ Пикси, а која и припаѓа исклучиво на Јелена.-Таа вила со базен и останува на Јелена, која и најмногу за нема има искеширано голема сума на пари. “Нема тука ништо комплицирано“, велат нивните пријатели.Сега веќе поранешната брачна двојка, има и дуплекс на Дедиње каде живееле заедно со години, како и уште еден стан на територијата на општина Савски-Венац.              Сите тие имоти ќе одат кај нивните деца.Некогашните сопружници и официјално постигнале договор за трошоците за децата. Така, до 21-виот роденден на Атина и Ника, трошоците за нивното образование ќе ги сноси тато Душко. Според договорот е должен да ги плаќа и годишните одмори на наследничките.Јелена Карлеуша после многу невистини кои се пишуваат  за неа, сега ја објави вистинската вистина, дека сепак се разведува од згодниот фудбалер Душко Тошиќ, после 14 години брак. Поделбата на имотот е успешно реализирана, ќерките се задоволни, а задоволна е и самата контровезна пејачка.Додека е на летување во Атина, Карлеуша времето за одморот во грчката метропола ќе го искористи и за некои нови песни кои и ги пишуваат грчките хитмејкери.            Таа не е заборавена, бидејќи во Грција има живеано пред двесетина година, кога имаше и успешна соработка со менаџерката Љиљана Петровиќ, кај нас попозната како менаџерка на нашиот Тоше.

Пронајдете не на следниве мрежи: