Јелена Карлеуша ќе го донира целиот хонорар од настапот за Нова година

Пејачката Јелена Карлеуша целиот хонорар од настапот на Нова година 2020 ќе го донира во добротворни цели, пренесува српски “Телеграф“. Тие пишуваат дека оваа година нејзиниот костим и сценографија нема да чинат повеќе отколку нејзиниот настап, бидејќи овојпат парите ќе ги донира.
-Имам големи планови за тој хонорар, станува збор за едно болно девојче. Тоа е некој мој проект кој го имам за да и помогнам на неа. Таа е од околината на Ниш, а за сега ќе откријам само дека се вика Софија. Таа боледува од сериозна болест, рече Јелена.
Инаку пејачката според медиумите во Србија за Нова година договорила настап во висина од 50 илјади евра.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.