Јелена купува чевли од 1.000 динари, кој ја придружува на шопингот?

Фамата која самата ја создаде дека купува само фирмирана, скапоцена гардероба која многу често ја порачува и со месеци чека да и биде испорачана, дека за парче облека или пар чевли плаќа илјади евра српскиот таблоид “Курир“ за миг ја демантираше. Тоа е само приказна која таа со години и ја пласира на јавноста кога се работи за нејзиниот стил на облекување. Вистината, баш и не е секогаш таква. Кога ќе се угасат светлата на сцената и блицевита на фото-репортерите кои секогаш ја покажуваат само комплетно средена, Карлеуша наликува на своите сограѓани.

И таа оди на шопинг во евтини продавници, па дури и купува на распродажба. Белким не мислевте дека носи само брендирани парчиња, само што овојпат ја “фатија жива“. Иако тешко се препознава без грам шминка, облечена во широк комбинезон и со платнен шешир со голем обод на глава, сепак е таа.


Карлеуша, кој би рекол, трпеливо чека во ред на каса, а со неа е и нејзиниот верен менаџер и пријател, Зоран Битрашевиќ. За само неколку илјади динари, не евра, Јелена купува куп ситници со кои со денови ќе се фотографира за социјалните мрежи. Не бадијала, и тоа без ниту грам комлекси таа е “првата дама на Инстаграм“ !

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.