Јелена Спенџарска откри што ја иритира на социјалните мрежи: „Ало, добри сте со паметот?“

Напредокот на технологијата и модерниот свет во кој живееме се повеќе ни наметнуваат некои нови правила на кои трбеа да се прилагодуваме.
Социјалните мрежи стануваат секојдневние од нашиот живот, па се повеќе сме зависни од „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Твитер“, „Јутуб“.
Зависниците на социјалните мрежи не поминува ден, а да не објават ново „стори“, објава, статус кој го посветуваат на некој….


И секој ден се почесто се јавуваат нови апликации, нови правила, кое модерното друштво ги следи.
Освен тоа со нови филтри и фотошопирање сите наликуваат едни на други, па мислиш сите се исти. Некои девојки постираат и по неколку фотографии од себе во најразлични пози и еден тон шминка на лицето.


Македонската водителка Јелена Спенџарска е доста активна на социјалните мрежи каде ги известува своите фанови за нејзините активности, објавува фотографии во модерни изданија, рекламира одредени брендови, но знае и да го изнесе и својот став и мислење.
Имено, во последните нејзини објави на „Инстаграм стори“ таа го изнесе своето мислење за девојките кои со еден тон шминка се снимаат како пеат и во објавите ги означуваат познатите.
„Одамна сакав нешто да кажам нешто што ме иритира на Инстаграм, но ајде сега ќе кажам. Се однесува на оние девојки кои што имаат еден тон шминка, провокативно облечени, усните, косите…тие пеат песна од некој пејач и истиот пејач го тагнуваат за да ги сподели на „стори, а некогаш не пеат само позираат. Алооо, добри сте вие со паметот“ вели Спенџарска на „Инстаграм стори“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.