сабота, 28 ноември 2026
Најново

Јелена Томашевиќ емотивно се прости од членовите на бендот на „ДНК“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пејачката Јелена Томашевиќ се огласи во врска со трагичниот настан што ја потресе Северна Македонија, каде во пожар во дискотека во Кочани животот го загубија најмалку 59 луѓе и повеќе од 150 беа повредени. Таа изрази сочувство за членовите на бендот на „ДНК“, меѓу кои трагично настрада и тапанарот Горги Горгиев. – Нека патуваат вашите души по Господовите патишта, и вие и членовите на вашиот бенд „ДНК“, како и сите што прерано заминаа со вас во небесното царство. Болка и жалење до небо за мојата сакана Македонија! Длабоко сочувствувам со вас! Искрено сочувство до семејствата на жртвите и сите граѓани на Македонија, напиша Јелена на Инстаграм, споделувајќи фотографија со Горги.

Поврзани вести