Јелена Ѓоковиќ за себе и синот секое утро го приготвува овој појадок: Мешавината која е виновникот за нејзината витка линија!

Јелена Ѓоковиќ со сите го сподели рецептот кој си го прави себе си и на малиот Стефан, секое утро.
Сопругата на славниот тенисер е позната по тоа што има затегната линија.
Станува збор за мешавина на семки со кокосово млеко, а Јелена се труди да јаде органска храна, која 70% е сирова.


„Некогаш се различни состојките, но горе-долу секогаш е исто: чиа семе, коноп, мака, лен, дудинки, какао, кокос, каму каму, ванила и овес + кокосово млеко. Утре само ќе додадам свежо овошје и свежо цеден овошен сок во ова“, пренесува Јелена покрај фотографијата од појадокот, кој всушност го подготвува една вечер претходно. Врз сите овие намирници се истура млеко, се покрива и се остава да отстои до наредното утро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.